Радио Милева и недостига синот

Мајката на Ѓоковиќ искрено за снаата Јелена: „Не очекував дека Ноле ќе ја ожени“

Мајката на Ѓоковиќ искрено за снаата Јелена: „Не очекував дека Ноле ќе ја ожени“

За време на гостувањето во една ТВ емисија, Дијана Ѓоковиќ откри досега непознати детали од љубовниот живот на Новак пред Јелена, како и што не и се допаѓа кај синот и снаата, односно во што не ги поддржува.

Иако има свои ставови, мајката на Новак Ѓоковиќ е експлицитна дека не сака да му се меша во животот, туку е секогаш тука да го советува, а тенисерот со задоволство се консултира со неа кога прави големи животни избори.

Имено, мајката на Новак во емисија за „Блиц“ раскажала дека кога Новак бил многу помлад, ја запознала неговата девојка од тинејџерските денови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dijana Djokovic (@dijana_djokovic)

– Како млад човек кој се занимаваше со овој бизнис, немаше време за забава. Повеќе беше на пат отколку дома. Го запознав со една девојка, која беше одбојкарка од Краљево, тие беа деца. Подоцна ја запозна Јелена. Кога имаа 18 години не мислев дека ќе се венчаат, имаше време за се’, сепак тој го демантираше моето мислење и се ожени со Јелена – искрена беше Дијана.

Исто така, таа истакнува дека има точки на преклопување во врската со Јелена и Новак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dijana Djokovic (@dijana_djokovic)

– Нормално и природно е што Јелена презеде некои работи, не би било добро јас да се мешам. Јас не им се мешам во животот. За жал, ретко доаѓаат, создадоа свое семејство и оаза, Јелена одредени работи ги прави на свој начин. Тоа се случува, особено кога е во прашање исхраната, која јас не ја поддржувам – изјави мајката на Новак Ѓоковиќ.

– Останав да копнеам по мојот син, да поминува време сама со него. Секогаш има некој околу него – заклучи Дијана Ѓоковиќ.

фото:Instagram printscreen/ dijana_djokovic

To top