Радио Милева бескрајна љубов и благодарност

Мајка – нејзината големина се пишува со голема буква: Семејството на Лила се собра само за неа – „Ти беше нашиот панцир!“ (фото)

Мајка – нејзината големина се пишува со голема буква: Семејството на Лила се собра само за неа – „Ти беше нашиот панцир!“ (фото)

Еден датум од крајот на месец јануари е особено специјален, а оваа 2025 година тоа дополнително е нагласено зашто е нејзин јубилеј – 80-ти роденден на мајката на Лила Филиповска.

Големината од титулата Мајка се пишува со голема буква, а за дама која ја живее деветтата животна деценија и е тука за своите сакани, тогаш задоволството и среќата дека се уште непосредно ја има, во голема мера стои поводот за прослава, особено јубилејно роденденски.

Семејството на Лила, синот Филип и останатите членови на потесното семејство, се собраа за да го прослават 80-от роденден на нејзината мајка и баба на внуците која ги дувна свеќичките заедно со најсаканите.

-Нашата Мајка Кралица денес полни 80 години. И нема доволно зборови со кои би можеле да ја изразиме нашата бескрајна љубов и благодарност што токму таа е нашата мајка. За се’ што не научи, за сите совети, тони несебична љубов, за сите сочувани тајни, што беше нашиот панцир…два живота да живееме не можеме да ти се оддолжиме … иако никогаш не го бараше тоа од нас. Ти фалеше твојата Маце ама ја вкључивme на вибер па бевме комплетни. Те сакаме Мама и да ни живееш уште доооолго дооолго, нашпиша Лила во описот на фотографиите кои ги објави на својот Инстаграм.

Роденденскиот фото- албум нека се полни со нови фотографии од уште многу родендени исполнети со насмевки, прегратки, торти и спомени за невека.

Среќен роденден!

фото:Instagram printscreen/lilafilipovska

To top