Радио Милева ѕиркаат силиконите

Луна Ѓогани воодушеви во фустан со смели отвори од страните

Луна Ѓогани воодушеви во фустан со смели отвори од страните

Победничката на „Задруга“ Луна Ѓогани ја сподели својата фотосесија на социјалните мрежи, со што веднаш предизвика низа коментари. Луна облече фустанче, кое многу откриваше, а кога се сврте во клипот што го објави, сите останаа без зборови.

Луна навидум носеше краток, розов фустан, кој совршено ѝ стоеше.

Сепак, таа се сними од различни агли, и покажа дека фустанот има отвори од страните, па нејзините гради беа во преден план и не беа целосно покриени.. Луна го покажа и својот гол грб, а коментарите само продолжуваа.

Да потсетиме дека Луна неодамна инспирираше многу жени со својата искрена објава и докажа зошто денес се чувствува попривлечно и посамоуверено од кога било досега.

– Моето тело никогаш нема да биде исто како што беше пред моето прво дете, но не би сакала да биде! Ова тело издржа две бремености, два живота, сечено е 7 слоја, 2 пати и 3 пати поради интервенција (ендометриоза)… Го сакам мојат рез, стриите и малку вишок стомак, дури и се сакам себеси многу повеќе отколку кога бев слаба и рамна како даска. Важно е што ви се допаѓа и како се чувствувате во вашето тело. Затоа што оваа супержена може да направи сè – напиша тогаш Луна.

Foto: printcsreen/instgaram/luna_djogani

To top