Ако судиме според објавите на социјалните мрежи и за тоа дека Лила ја доживуваме како вечен патник низ светот, и личност постојано активна натаму- наваму, изгледа како домот да е местото каде поминува најмалку време.
Сепак, каде и да оди, дома си е дома но веруваме дека таму и е најубаво од било каде на светот.
Бидејќи е доста транспарентна во поглед на приватноста, досега неколкупати сме имале прилика да ѕирнеме до приватниот рај на познатата водителка.
Меѓутоа домот на Лила, особено дневниот простор редовно трпи промени во поглед на ентериерот. Лила секогаш сака да биде во тренд во поглед на уредувањето , па редовно може да видеме по некое ново парче кое носи и нова енергија од уредувањто.
Овој пат во фокус се новите модерни клуб масички во форма на ретро куфери кои потсетуваат на овие од Луј Витон.
Освен Лила оние што најмногу уживааат бидејќи својот живот го минуваат дома, се милениците Рагнар и Мајло.
Мачките се газди на свој терен, па каде и да им падне мерак да уживаат и да се излежуваат или да си играат, тие имаат целосна привилегија.
Лила важи за една од најстилските дами од домашниот шоу-бизнис, па ова кај неа се отсликува во комплетно, како од личниот стилски печат, така и оној од ентерирот во домот.
фото:Instagram printscreen/ lilafilipovska