Уште многу одамна е откриено дека сексот е одличен начин за согорување калории, а ново истражување покажа кои пози се подобри од тренинг во теретана.
Во истражувањето учествувале 112 хетеросексуални парови кои носеле уреди за мерење на потрошени калории во текот на секс. Откриено е дека жените и мажите трошат различен број калории.
На илустрацијата може да видите колку калории се троши кога применувате одредена поза во текот на 30 минути. Со розова боја е означена просечната потрошувачка на калории кај жените, а со белата кај мажите.

Жените најмногу калории трошат во позата во која жената е клекната над мажот со свиени коленици, позата бара добра кондиција и движења горе-долу додека со рацете е потпрена наназад, на неговите бутови.
Мажите најмногу калории трошат со позата во која жената е легната со рамената на подот, додека нозете ѝ се кренати во воздух, а партнерот е над неа со свиени коленици додека пенетрира. И за оваа поза е потребна добра кондиција кај двајцата.
Кога станува збор за оргазмот, 79% од жените доживуваат оргазам со доги стајл позата, а потоа на ред е каубојката.
фото:Freepik
извор:popara.mk







