Мегафон на 28 НОЕМВРИ

Легендарната Весна Змијанац со голем концерт во „Борис Трајковски“

Легендарната Весна Змијанац со голем концерт во „Борис Трајковски“

По три распродадени Арени и огромниот интерес од публиката, Весна Змијанац пристигнува во Скопје со голем концерт во рамките на нејзината „Golden Tour – 50 години кариера“. Првично концертот беше најавен во арената „Јане Сандански“, но интересот од публиката го надмина очекуваното, поради што настанот ќе биде преместен во арената „Борис Трајковски“. Датумот останува ист – 28 ноември, а посетителите кои веќе купиле билети за првично најавената локација немаат причина за грижа бидејќи веќе купените билети остануваат важечки и за концертот во „Борис Трајковски“.

Весна Змијанац зад себе има пет децении музичка кариера и бројни хитови кои со години се дел од музичкиот репертоар на генерации. Нејзиниот концерт во Скопје ќе биде дел од големата турнеја со која пејачката одбележува 50 години на сцената.

За сите оние кои сè уште немаат обезбедено билет, продажбата продолжува преку Kupikarta.com.  https://www.kupikarta.com/tickets.nspx?eventid=5799

На 28 ноември Скопје го очекува вистински спектакл. Музичка вечер исполнета со познати песни, емоции и големи хитови од богатата кариера на една од најпознатите регионални пејачки.

To top