Мегафон

На 13 октомври во МОБ јубилеен концерт на „Силви бенд“: Музика што спојува генерации

На 13 октомври во МОБ јубилеен концерт на „Силви бенд“: Музика што спојува генерации

На 13 октомври во прекрасниот амбиент на МОБ во Скопје, следува ексклузивен, јубилеен концерт со Силви Бенд и голема придружна група, кој ќе ги спои традицијата и актурелната сегашност во едно незаборавно музичко доживување. Ќе ги слушнеме омилените хитови како: ,,Ангели ме носат”, ,,Ме полудуваш”, ,,1762 лето” и многу други што оставија белег на македонската музичка сцена. Секако и дел од Митке и најдобрата изведба на Коштана на Балканот, низа од романси и уште многу други изненадувања. Очекувајте вечер исполнета со емоции, носталгија и чиста музичка магија.

Билетите се достапни онлајн на KUPIKARTA.COM, како и низ продажната мрежа на KUPIKARTA низ цела Македонија.

Не пропуштајте го најемотивниот концерт на есента!

МОБ Скопје, 13 октомври, вторник 2026 година во 20 часот, концерт на Силви Бенд – музика што спојува генерации.

Овој концерт е од национален интерес за 2026 година, прогласен од Министерство за култура на Македонија.

To top