На 14 ноември во Македонската филхармонија во 20:00 часот Коки Јанков ќе го одржи својот јубелеен солистички концерт насловен:
„Почитувани, конечно, после долго време, дојде и овој ден. Официјално го најавувам концертот во Македонската филхармонија. Ќе пееме, ќе свириме и ќе си кажеме по нешто. Ќе се потсетиме на времињата поминати заедно. Песните останаа. Тоа е добро, благодарејќи на ВАС. Пријатели, гости, соработници и многу драги луѓе, на едно место.
Билетите се достапни на: https://www.kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5797 Поради ограничениот број места, обезбедете ги своите навреме!







