Стефан Лазаров и неговата сопруга Марта за прв пат се реализираа како родители. Вчера, четврток 01. октомври Марта се породи во едно приватно скопско породилиште каде на свет донесе машко чедо. Среќните родители уште пред породувањето на мајката, одлучија какво име ќе му дадат на бебето, кое го доби името Лука.

Породувањето поминало без никакви компликации и во најдобар ред, а Лазаров, како што самиот ќе изјави, половина час пред чинот одлучил и тој да присуствува на породувањето.
Ова е прво бебе на брачната двојка, која речиси секој свој важен приватен или деловен момент го споделува со јавноста преку социјалните мрежи. Таква беше и првата објава на Лазаров по породувањето на неговата сопруга на која јавно и се заблагодарил, а на своето прво чедо му посакал добредојде на овој свет.


Тие неодамна направија и трудничка фотосесија, преку која открија дека Марта наскоро треба да се породи, а сега Јутјуберот како пресреќен татко со широка насмевка ги направил и првите кадри со синчето в раце, непосредно по доаѓањето на малиот Лука на овој свет.

Епа, добредојде Лука и честито Лазарови!
Фото: Инстаграм/lazarovv






