Пејачката Инди Арадиновиќ објави провокативни фотографии на кои во преден план беше нејзиното длабоко деколте.
Инди повторно го привлече вниманието на јавноста со своите најнови објави на Инстаграм. Таа ги воодушеви своите следбеници и го задржа нивното внимание.

На фотографијата таа носеше зелен фустан со долги ракави и светки, но никому не му избега фактот дека деколтето се спушташе речиси до папокот. Имаше заводлив израз на лицето и беспрекорна шминка.

Потоа, таа на своите „сториња“ ги објави локациите што ги посетила, како и видео на кое се снима себеси додека оди, фокусирајќи се на своето бујно деколте и фустанот од птичја перспектива. И во тоа видео, нејзиното деколте беше во прв план и го привлече целото внимание.

Огнената бринета е позната по објавувањето провокативни фотографии, но овие жешки снимки ги изненадија и воодушевија дури и нејзините најверни обожаватели.
foto: printscreen/instagram/indy_ara_indira






