Лице в лице година на растечка кариера и болни удари

Лазаров во “Бекстејџ“ откри: „Со Тамара Тодевска и Слаткар подготвуваме песна посветена на Зоки-Фаци, но и на сите нам блиски починати“ (ВИДЕО)

Лазаров во “Бекстејџ“ откри: „Со Тамара Тодевска и Слаткар подготвуваме песна посветена на Зоки-Фаци, но и на сите нам блиски починати“ (ВИДЕО)

Јутјуберот Стефан Лазаров по подолго време гостуваше во најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ кој неодамна на својот избор му ја додели наградата за „Најдобар поткаст во 2024“ година.

Со признанието „Маж на годината според социјалните медиуми“  Лазаров не се здоби, но затоа во 2024-тата се здоби со многу важни, но и болни нешта. Колку што кариерата му стануваше вртоглаво растечка, толку животот вртоглаво му задаваше и болни удари, кои оставаат трајни лузни на душата. А ртокму истата таа душа јутјуберот и поткастер ја отвори пред камерата на „магазинот од зад сцената“ каде како што самиот вели:

„После 3 години повторно во Бекстејџ разговаравме за многу важни теми, за се што ми се случи периодов. Периодот што е зад мене, а ме научи колку е важно да се вреднува  животот“… Зашто животот е еден и не е ниту емисија ниту поткаст, па затоа и нема реприза!

За храбростам вербата во себе, за замислите и идеите, за енергијата, животот и резултатите… За успехот и среќата, зрелоста, искуството и детските грешки, за тешкиот период, загубата на својот верен соработник и вујкото во само 48 часа, за искуствата и поуките кои ги извлекол од овие трагични состојби Лазаров отворено говореше во етерот.

Меѓу останатото откри дел од идните планови огледани во новата соработка со Бојан Јовановски – Боки 13, како и подготовката на песна посветена на Зоки-Фаци, но и на сите нам блиски починати, која ќе биде во соработка со Тамара Тодевска и Слаткаристика!

Одговорите на сите поставени прашања и неговите размислувања за животот и кариерата проследете ги во видеото во продолжение:

To top