Доколку не сакате накитот што често го носите да го изгуби сјајот, обојте го со безбоен лак и секогаш ќе ви свети на вратот или раката.
Лакот за нокти е секогаш синоним за убави нокти и раце. Тоа е незаменлив дел од добриот маникир. Но, тоа дефинитивно не е единствен начин на кој можеме да го користиме.
Можете да го користите и дома во следниве ситуации:
Доколку ви се искинат свилените чорапи, брзо и лесно ќе го решите проблемот со нив, односно ќе спречите ширење на „пукнатината“. Доволно е да нанесете проѕирен лак на местото каде што чорапот се скинал.
Има решение и доколку вашите омилени чевли ја изгубиле бојата на горниот дел. Доволно е критичниот дел да се премачка со лак во боја на чевлите и со тоа да се ублажи оштетувањето.
Доколку не сакате накитот што често го носите да го изгуби сјајот, обојте го со безбоен лак и секогаш ќе ви свети на вратот или раката.
фото:Freepik