Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан повторно ги запали социјалните мрежи со својот сензационален изглед.
Таа неодамна на својот Инстаграм профил сподели жешки фотографија од егзотичниот одмор каде го прослави својот 45-ти роденден со стил. На обожавателите им го одзема здивот кога позираше во минијатурни бикини на Диор, покажувајќи ги своите неверојатни облини и беспрекорниот тен. А никој не би помислил дека го добила четвртото дете на 44 години.
View this post on Instagram
Во описот на објавата во која ја покажа атмосферата во која прослави напишала: „45 кругови околу сонцето“, видно среќна и исполнета, додека друштво и прават децата и партнерот Скот Дисик.
На одморот на островите Туркс и Каикос, таа го помина времето и со сестрите Клои и Ким Кардашијан, кои исто така пристигнаа на оваа егзотична дестинација, а нивната заедничка фотографија од плиткото, во црни бикини, привлече големо внимание.
фото: printskrin/instgaram/kourtneykardash