Мегафон концертна прошетка по спомените

Кога овациите траат, а аплаузот не стивнува, душата има зошто да се радува: „Меморија“ во МКЦ испиша историја, го затвори „стариот завет“ и отвори ново поглавје

Кога овациите траат, а аплаузот не стивнува, душата има зошто да се радува: „Меморија“ во МКЦ испиша историја, го затвори „стариот завет“ и отвори ново поглавје

Токму онака како што беше и последниве недели најавувано, на ПРЕСС конференцијата и отворањето на изложбата потврдено, вчеравечер, четврток 25 декемви 2025 во „Дансинг салата“ на култниот МКЦ, легендарната македонска поп-рок група „Меморија“ испиша ново парче музичка историја. И од својата и од македонската.

Зашто никој досега, ниту еден македонски, а веројатнио и регионален бенд не создал таква „семејна хармонија“ на едно место, а собраните емоции вткаени во душата на секој од мноштвото членови не и го подарил на публиката во еден заеднички концерт за сите генерации. И оние пет генерации преточени во 16 некогашни и сегашни музичари кои за изминативе 40 и кусур години  минале или се уште се’ во групата и оние во публиката каде буквално имаше три генерации верни следбеници и оние кои тоа допрва учат тоа да бидат: баби и дедоци со своите внуци, мајки и татковци со своите деца. Ретка, ако не и единствена глетка, „единствена хемија“  која ги надополнува можеби најбитните коцкички на историскиот мозаик во поп-рок музиката во Македонија.

А единствена беше и замислата и реализацијата на таканаречениот „музички времеплов за прошетка по спомените“, но и по сеќавањата и емоциите на нечија младост, на старите добри времиња, на убавите дружења, познатите хитови, старите пријатали, некогашните друштва, девојки и момчиња кои ги врзува времето минато во МКЦ и песните на „Меморија“.

Временската музичка машина на групата стартуваше од смиот почеток, од далечната 1983 година кога на  како и сега на истата сцена основачите на бендот, Петар Георгиевски Камиказа и клавијатуристот Дејан Миноски, кој за оваа прилика ги откажа сите божиќни ангажмани и заедно со својата сопруга Корнелија долета од германско-француската граница каде што живее за да биде дел од музичката историја на „Меморија“  која се повторува. Перо, Дејан и Корнелија во техно-поп-денс манир ја отворија вечерта со воопшто првата песна која тогашното трио ја снимило, „Моја ли си?“, само сега во нов аранжман и манир, во која Германката пееше на македонски!

Фазата кога прераснаа во поп-рок бенд кој го одбележа еден од најголемите хитови во македонската музичка историја, култната „Нена“, беше следен на репертоарот. Антонио Димитриевски зад тапаните и Дуле Трпковски-Ринго на гитара по 35 и кусур годишна апстиненција одново засвиреа со Дејан и Камиказа заедно. Сите почести отидоа за првиот пејач на ваквата постава на „Меморија“, Зоран Илиќ – Зоци, кој прв ја испеа „Нена“, а музичарите на сцената и преполната сала ја испратија со аплауз неговата фотографија на лед ѕидот. „Нена“ прозвуче како во најдобрите времиња, а публиката во еден глас ја пееше со групата.

Потоа едни од сцената си заминаа други на неа се качија… некогашните членови од т.н. трета постава, Нино Бошњаковски на клавијатури, Ицо Јовковски на гитара и вториот вокал на бендот и гитарист, Александар Стефановски – Јаблан.  „Одам засекогаш“ публиката ја пееше заедно со бендот, по што Антонио Димитриевски се заблагодари  и ги фрли палките во публиката.

На негово место седна Димитар Мите  Димовски кој е „златна замена“ за актуелниот тапанар на групата Сашо Ангелов, кој се уште се бори со последиците од нарушенотата здравствена состојба. Заедно со Мите на сцената се појави гитаристот  Игор Атанасовски – Харе, а оваа постава ги изведе ртемите „Жорж“  и „Пробај да ги зартвориш очите“, песни од раниот период на „Меморија“.

 

Потоа Јаблан ја напушти сцената на на неа се качија постариот брат на Мите,  гитаристот Петар Пеце Димовски и пејачот Драган Драгче Василевски кои за прв пат заедно концертно ја изведоа темата „Утра“ од времето на нивното музицирање со „Меморија“.

 

 

 

Втората половина од концертниот времеплов ја свиреше стандардната и актуелна постава која во моментов ја сочинува групата: Покрај ритам сексцијата Перо-Камиказа  и Мите Димовски, на клавијатури остана и Давор Јордановски, Апостол Поце Икономов – вокал, Рубин Димковски – гитара и Ристо Самарџиев – вокал.

 

Во нишката од „музички бисери“ ним ќе им се придружат Димитар Мичо Божиков на гитара и Александар Хаџипаунов – на клавијатури, а атмосферата во салата ќе го доживее својот делириум со безвременските балади „Оган под ѕвездите“, „Зошто Боже“ или „За тебе“. Гитарските соло бравури на „брзометниите вешти мајстори“ на гитарата на Мичо и Рубин седоаѓаа како шлаг на тортата со секоја нова песна, но јаготката на шлагот беше оставена за крај, со последниот блок песни.

„Jано“, „Мотори“  и „ Smoke on the water“ како задолжителна рок ен рол лектира, а „Нашите слики“, заедно со гимназиската химна „Снежо, Снежана“, животно оптимистичката ска варијанта на „За добро да е“ и секако мегхитот „Дирлада“ прдизвика публиката да еруптира.

За смиот крај, наплив на патриотски чувства со „Македонија“ и „Македонските“ бисери за за во „дансинг салата“ да се случи комплетна „експлозија“ од емоции и напливи на чувства на нвидена убавина на живеењето и дружбата и со песните и со групата и меѓу присутните во публиката.

Единствена хемија, со неописив фидбек помеѓу оноа на сцената и  она заради кое музиката и постои – публиката. Онаа повозрасната „Меморија “ ја вратија во младоста и ја вратија радоста, и ја разиграа душата и го растреперија срцето и исцртаа насмевка на лицето…

За крај, колективен поздрав и поклон до земја на оние што оваа вечер ја направија величествена, за оние на кои ќе им остане незаборавна… Зашто кога овациите траат, а аплаузот не стивнува, душата има зошто да се радува. „Меморија“ во МКЦ испиша нова историја, го затвори „стариот завет“ и отвори ново поглавје во своето идно постоење.

 

 

 

To top