Радио Милева генетиката е чудо

Ќерката на Вера Мештеровиќ порасна и изгледа како двојничка на мама: „Моето мало јас“

Ќерката на Вера Мештеровиќ порасна и изгледа како двојничка на мама: „Моето мало јас“

Кога мајка ви е првата Мис на Македонија, тогаш добрите гени се едноставно загарантирани.

Телевизиската водителка Вера Мештеровиќ ја разбуди љубопитноста кај следбениците на социјалните мрежи, споделувајќи прекрасна роденденска фотографија со својата ќерка Јована, која минатата сабота (26.о9) го прослави својот 15-ти роденден.

На објавеното стори на социјалната мрежа Фејсбук, двете убавици позираат со идентични, модерни розови очила за сонце, покажувајќи шарм со  кој веднаш ги освоија симпатиите на фановите и секако ги поттикнаа коментарите.

Она што навистина предизвика реакции и восхит, е неверојатната сличност меѓу нив. Вера во описот на фотографијата емотивно напиша:

„Јована моето мало јас. Среќен роденден живот мој“, со што и самата потврди дека Јована е нејзина вистинска мини-верзија.

Поради младоликиот изглед на Вера и грациозноста на тинејџерката Јована, многумина прокоментираа дека двете изгледаат повеќе како другарки или сестри отколку како мајка и ќерка.

Младата дама ксо својот шарм веќе тргна по стапките на својата мајка, а каде ќе ја однесат животот и одлуките, но и дали оваа убавица ќе ја гледаме на телевизија како мама Вера, останува времето да покаже…

фото: Instagram printscreen/veramesterovic

To top