Нашата најпозната топ-моделка Катарина Ивановска уште еднаш докажа зошто важи за една од најатрактивните жени на нашите простори, па и пошироко.
Таа уживаше во главниот град на Шпанија, каде го посети спектакуларниот концерт на светската музичка ѕвезда Бруно Марс, но вниманието на јавноста целосно го украде нејзиниот стајлинг и смелото позирање.

Манекенката сподели неколку фотографии од своите „24 часа во Мадрид“, каде ги обиколува локалните знаменитости, но една конкретна објава ги остави нејзините следбеници без здив.
Имено, Катарина позираше качувајќи се по скали во ултра-кратко кремасто „балон“ фустанче, а умесниот фотограф, веројатно нејзиниот партнер, ја улови од заден, долен агол.

Овој провокативен фокус на камерата кој „ѕирка“ директно под нејзиното фустанче ги истакна нејзините совршено затегнати и долги нозе, по кои е препознатлива низ светските модни писти.
Коментарите под објавата веднаш почнаа да се нижат, а фановите едногласно се согласија дека манекенката изгледа пожешко од кога било.

Покрај жешката фотка на Инстаграм, Катарина покажа дека максимално знае да ужива во европската престолнина.
Возбудата го достигна својот максимум кога Катарина пристигна пред грандиозниот стадион во Мадрид. Насмеана, со кренати раце во знак на победа и чиста среќа, таа позираше во истото фустанче непосредно пред концертот.

Овој импозантен спортски храм, кој е дом на фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид, вечерта се претвори во вистинска музичка арена.

Совршениот ден во Шпанија го заокружи со врвна забава на концертот на Бруно Марс.
фото:Instagram printscreen/katarina_ivanovska






