Најпознатата македонска етно-фолк групата „Синтезис“, подготвува славенички концерт на по повод одбележување на нивниот јубилеј, 30 годишното постоење.
Токму затоа групата Синтезис со право може да се нарече најзначаен македонски извозен музички продукт.
Со повеќе од 500 концерти одржани на сите континенти и настапи во некои од најпознатите светски сали и фестивали, „Синтезис“ е најголемиот амбасадор на македонската етно музика во светот.
Цели три децении „Синтезис се чувари на македонската традиционална музика и нејзин облагородувач со нови музички форми и елементи.
Своето патешествие ќе го заокружат подарувајќи и на публиката незаборавен концерт на 25-ти септември во „Македонската филхармонија“ со почеток во 20:30 часот.
Влезниците се во оптекл од 20 август на МкТикетс.