Јоце Панов, миленикот на женската публика, моментално важи за најбараниот машки вокал на нашата сцена, кој редовно ги полни клубовите во кои настапува.
Во 2007 година со само неколку објавени песни го има својот прв концерт во Домот на Култура во Штип. Денес, со повеќе од 50 објавени песни, Јоце Панов ексклузивно со нас сподели дека подготвува голем солистички концерт на 8 март во Македонска Филхармонија.
“По повод 25 години кариера одлучив да и се оддолжам на мојата публика, на сите оние кои ме поддржуваат и повеќе од две децении се присутни на моите настапи. Во секоја песна оставам дел од својата душа. Љубовта која ја добивам од мојата публика е мојот извор на енергија и мотивација за секој следен проект” – откри Јоце Панов.
Од ПР Тимот велат дека интензивно се работи на подготовките за концертот, кој е закажан на 8 март во објектот на Македонска Филхармонија со почеток во 20 часот. Ексклузивна сцена, голем оркестар, рози и многу изненадувања ќе бидат дел од оваа вечер на емоција на љубов, како што се вели и во самата најава за овој гала настан ЈОЦЕ ПАНОВ ЗА ДАМИТЕ.