По исклучителниот успех на 8-ми март минатата година, очигледно концертот на Јоце Панов во Македонската филхармонија прераснува во настан што публиката го побара повторно.
Kартите за настанот ЈОЦЕ ПАНОВ – МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА 2 се пуштени во продажба тука.
Од ПР Тимот на Јоце велат дека интензивно работат на подготовка на овој проект во кој се ангажирани неколку десетици лица. “Го подготвуваме секој детал, од медиумите како наши најголеми соработници, преку избор на песни, аранжмани, сцена … Јоце е влезен во студио и подготвува две нови песни, “Жено вистинска” и “Алкатраз” чија премиера ќе биде на самиот концерт”.

Кога традицијата ја создава публиката — таа трае.
Каква вечер на изненадувања ќе ни приреди овој пат Јоце, останува да видиме, иако ако судиме по најавите очекувањата се навистина големи







