Пејачката Јелена Карлеуша минатата година се разведе од сопругот Душко Тошиќ, а не криеше дека пропаѓањето на нивната долгогодишна љубов, од која се родија двете ќерки Атина и Ника, тешко ја поднесува.
Во септември 2024 година, Карлеуша и Тошиќ потпишаа договор за развод по 16 години брак, а пејачката потоа се огласи со фотографија од документите на својот Инстаграм, велејќи дека Душко не се ни појавил, туку го испратил својот адвокат.
Недолго потоа таа се појави во емисијата „У рингу“ и во таа прилика проговори за разводот, особено потенцирајќи дека со мајката на Душко, Николета, останала во многу добри односи и дека сè уште ја сака.
– Најмногу ја сакам Николета, мајката на Душко. Можам да кажам дека многу ме сака и дека ми е жал за сѐ што минува како жена која не е виновна за ништо и која сите овие години минува низ многу бурен и тежок период, меѓу другото и поради мене. Ја поздравувам и многу ја бакнувам. Ви благодарам за сета љубов“, рекла Карлеуша.
Watch on TikTok
фото: printscreen/instgaram/TikTok