Радио Милева детали од младоста

Ја задеваа во младоста, па реши да оди под нож: Пејачката откри со какви навреди се соочувала

Ја задеваа во младоста, па реши да оди под нож: Пејачката откри со какви навреди се соочувала

Пејачката Катарина Грујиќ во минатото била навредувана од своите врсници, а тоа влијаело врз нејзината одлука да се подложи на естетска операција.

Катарина се прослави во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а уште од првото појавување на сцената привлекува големо внимание од јавноста.

Во текот на кариерата значително го промени физичкиот изглед, поради што често е предмет на различни коментари. Сепак, малкумина знаат со какви навреди и забелешки од врсниците се соочувала Катарина Грујиќ во младоста, што подоцна влијаело врз нејзината одлука да се подложи на естетска операција.

– Ме викаа „клепава“, а другиот прекар ми беше „штица“. Бев рамна како штица, но повеќе не сум – искрено призна пејачката.

Токму поради желбата да се справи со комплексите и непријатните забелешки од околината, Катарина на 20 години одлучила да направи естетска корекција на градите.

Додека нејзината мајка на почетокот не сакала ни да слушне за тоа, татко ѝ ѝ дал целосна поддршка за да не поминува низ трауми.

– Татко ми беше првиот што застана до мене кога му ја кажав мојата желба: „Сакам да ставам гради и тоа е тоа“. Мајка ми реагираше поинаку, не сакаше ни да слушне. Тато рече: „Зошто? Сака? Зошто некој да има комплекс цел живот? Тоа е мое дете, не сакам да се затвора во соба и да размислува, да не сака да излезе на улица, да ја задеваат нејзините врсници. Не сакам моето дете да поминува низ трауми“ – се присетила Каца своевремено за „Блиц“.

Foto: printscreen/Instagram/katarinagrujic.doll

To top