Синот на пејачот Драган Којиќ Кеба, Игор Којиќ, неодамна се појави во јавноста, по долга медиумска пауза.
Уловен е на градски настан, а потоа накратко прозборел за неговата нова љубов.
Се зборува дека Игор има нова партнерка која е помлада од него, а овие тврдења ги „подгреал“ неговиот татко Кеба кога на снимка изјавил дека син му е повторно вљубен.
На прашањето за новата девојка, Игор се насмеал и рекол:
– Од каде ви е тоа? Така кажа татко ми набрзина, па нека биде… Никогаш не се криев од нови или стари љубови, го живеам животот, секој ден имам нова љубов а само една љубов е на небото – изјави Којиќ.
Сепак, со најновата објава на социјалната мрежа Инстаграм, Игор Којиќ изгледа реши да стави крај на гласините и да потврди дека повторно е среќно заљубен.
Тој сподели фотографија на која држи девојка за рака. Сепак, нејзиното лице не се гледа, само долги, голи нозе и ултра кратко мини здолниште.
фото: Printscreen/Instagram/dragankojickeba