Радио Милева персонализирана проекција

Гушната со своите стравови, во победа во која ќе сфати што не е за неа и која повеќе не сака да биде: Антониа Гиговска одново ја најави новата песна чија промоција се одложи заради трагедијата во Кочани (ВИДЕО)

Гушната со своите стравови, во победа во која ќе сфати што не е за неа и која повеќе не сака да биде: Антониа Гиговска одново ја најави новата песна чија промоција се одложи заради трагедијата во Кочани  (ВИДЕО)

Откако предизвика бура од емоции и позитивни коментари после одличното претставување на  последниот “Макфест” со нејзината песна „Жена“, Антониа Гиговска реши по неа да го наслови и вториот албум кој неодамна го најави.

Патем, таа обзнани дека новата песна насловена „Аман“ заедно со видеото за неа се готови и недела, 16-ти март во 14.00 часот беше денот и времето кога требаше да се случи промоцијата во етерот, но…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Тоа неделно утро Македонија за жал го дочека завиена во црно, по пожарот и невидената катастрофа која се случи ноќта во клубот „Пулс“ во Кочани, која одзеде 62 млади животи, меѓу другите и на нејзини блиски колеги. И наместо песна и промоција, трагедија, молк, траор и болка… за сите. Како насловот да претскажа… „Аман“… Зошто мораше да се случи?

Пет недели подоцна, Антониа Гиговска одново ја најави новата песна „Аман“, чија промоција се одложи заради трагедијата во Кочани. Не прецизирала датум и време, освен дека тоа ќе се се случи наскоро, споделувајќи го најавното видео, кое одново го објави на своите Инстаграм приказни.

Интро кое ја објаснува сета нејзина борба со самата себе си и своите стравови, со кои како што самата кажува за прв пат тогаш се гушнала, свесна која е, но уште повеќе која повеќе не сака да биде.

Според најавата, своевидна персонализирана проекција на нејзиното предбрачно минато, пресликано во стиховите на „Аман“ како потсетник на личната борба со околината, со распетието од јавноста, но пред се борба со самата себе, во која победата ќе значи вртење сосема нова страница во нејзиниот живот… Откако ќе сфатиш што не е за тебе!

И додека се чека премиерата на своевидната автобиографска тема, Антониа беше пријатно изненадена откако доби подарок од дечињата од СОС Детското село.  Меѓу останатото во пакетчето спакувани и грст персонализирани пораки од дечињата за пејачката, која со задоволство јавно ги прочита, па откако им се заблагодари, им вети дека накоро ќе им возврати! Со што, ќе дознате наскоро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Фото и видео: Инстаграм/antoniagigovskaa

To top