Во рамките на големата турнеја, на 08. мај во Македонската филхармонија новатa регионална стендап ѕвезда, Горан Винчиќ – Винча ќе го има своето прво стендап шоу воопшто во Македонија, насловено: „Комедијата е сериозна работа“!

За родното Мирковци, каратето и рок ен ролот, за почетоците и хуморот, за идолите и инспирацијата, за тоа на пшто најмногу се смеат различните нации – на политиката или животните ситуации, за хуморот на своја и туѓа сметка, за најпријатните и најнепријатните ситуации во кариерата, за интеракцијата и изборот на „жртвите“ во публиката, за конкуренцијата и односите меѓу стендап комичарите, за тенката линија меѓу глумата и стендапот, за тоа како хуморот на нивна сметка го поднесуваат јавните фаци и политичарите, за репертоарот и автоцензурата во сопствената глава, за сопругата и семејството, за неговиот земјак Јаков Јозиновиќ и познанството со него…

И за уште мноштво нешта кои не сте ги знаеле за новатa голема регионална стендап ѕвезда, Горан Винчиќ – Винча отворено зборуваше при ексклузивното гостување во најновото издание на интер ток шоуто „Ништо лично“, кај вашиот домаќин Антонио Димитриевски. Меѓу сите останати работи кои ги споменавме и не ги споменавме, Винча раскажа една случка кога бил ангажиран за една роденденска забава.

Имено, другарките на славеничката во договор со него и ставиле бел прав шеќер во торбата, а Винча облечен во полициска униформа како лажен орган на редот, влегол, ја прекинал забавата и побарал претрес на чантите на присутните. Настанал општ метеж, а некој од домаќините се обидол да го наговори да излезат надвор за да се разберат во што е работата?

„Не допирајте го хрвстскиот полицаец“ – остро викнал комичарот во полициска униформа и потоа настанал молк во локалот. Но, меѓу гостите имало и некои имуќни луѓе кои биле блиски пријатели со началникот на полиццијата кого веднаш го побарале на мобилен за да прашаат што се случува?

Овој кога слушнал, веднаш му свртел на шефот на дежурната полициска смена, за да види кој тоа испратил некоја „будала“ да малтретира невин народ среде роденденска прослава?

Што потоа се се случило и како воопшто завршила целата случка, проследете на 22:о8 минути од видеото во продолжение каде можете да го погледнете и целиот поткаст, кој како и сите досегашни изданија на „Ништо лично“ можете да ги најдете во секое време, 24/7 и тоа 365 дена во годината, ексклузивно само на следниот ЛИНК: YouTube каналот на КурирМК (.






