Сеќавањата се’ уште свежи, болката по прерано заминатите никогаш нема ни да згасне, повредените довека ќе ги носта своите трауми од таа пеколна мартовска ноќ во клубот „Пулс“ во Кочани.
Помина речиси година и пол, судскиот процес тече, се чека правдата да се изнедри и барем како некакаква утеха да им пслужи на неутешните семејства кои прерано на најсвиреп начин ги загубија најмилите, додека повредените се’ уште ги лечат и физичките повреди и психичките трауми од пеколот во Кочани.
Како што и самиот изјави, Бог сакал да биде еден од двајцата преживеани членови на придружната група на дуото ДНК на чиј концерт се случи несреќата, гитаристот Горан Тонев во поткастот „Ништо лично“ неодамна отворено говореше и за миговите на ужасот кој го преживеа, за зацелувањето од повредите, но и за желбата да продолжи да ја гради својата, овој пат соло кариера како музичар, најавувајќи ги своите идни планови. Тогаш со студиска песна „Да си со мене“ – негово прво коавторско музичко дело снимено само неколку дена пред катастрофата, но се’ уште не до крај подготвен за јавни настапи. Но, само неполни два месеци потоа, младиот штипски музичар се враќа на сцената, спремен за ноќните свирки.
Сега, Горан Тонев, екс – гитаристот на ДНК после 16 месеци од пеколот во „Пулс“ им се враќа на настапите и тоа токму во Кочани.

Овој пат во дуо со својот колега Александар Авукатов, на 12 јули – недела, на празникот Петровден закажаа настап во веројатно во моментов најпознатиот кафе бар во Кочани, каде на младата публика ќе и понудат музичка забава, обидувајќи се да бидат дел од она што барем малку ќе му ја врати душата и надежта на градот на тагата.

Во поткастот „Ништо лично“, Горан Тонев и самиот изјави дека со нетрпение едвај го чека денот кога повторно ќе застана на сцената (на 34:00 минути во видеото подолу), за да продолжи онаму каде што кариерата нсилно му беше прекината. За среќа, само на одреденои време и покрај сета траума што младиот штипски музичар ја преживеа, по која симболично со стиховите од песната на Слаткаристика: „Имам сила после се’, пак да продолжам, има храброст во мене, пак да започнам, пак да полетам…“ – го највува своето враќање на настапите.
И тоа во Кочани, градот во кој се преку ноќ стивна, преку ноќ одново да започне и да живее! И ноќниот живот на младите и кариерата момчето со гитара кого несреќата нема да го разочара, а со вториот живот кој Бог му го подари, му подарил и волја онаму каде што застана да продолжи и постигне врвни уметнички успеси.

Во продолжение за потсетување погледнете го целото гостување на Горан Тонев во поткастот „Ништо Лично“…
Фото: Инстаграм/gorantonev
Видео: [email protected]/Ништо лично




