Пејачот Радиша Трајковиќ Ѓани заврши во болница во Виена, откако во текот на ноќта ненадејно му се слошило.Ѓани бил примен во болница поради зачестено повраќање и изразена малаксаност.
По направените прегледи, лекарите утврдиле дека дошло до сериозно труење на организмот, поради што е одлучено тој да остане на болничко лекување.
Според достапните информации, медицинскиот персонал спроведува терапија за да ги отстрани токсините од неговиот организам, а Ѓани прима инфузија и се наоѓа под постојан надзор на лекарите. Здравствените проблеми го затекнаа Ѓани во ек на летната сезона, кога неговиот деловен распоред беше исполнет со настапи речиси секој ден.

Поради ненадејната хоспитализација и препораката од лекарите за мирување, неговото семејство и тимот донесоа одлука да ги откажат сите закажани концерти и настапи во претстојниот период, сè додека пејачот целосно не закрепне, пренесува Скендал.
Колку долго Ѓани нема да настапува зависи исклучиво од брзината на неговото закрепнување и од проценката на австриските лекари.
фото:Instagram printscreen/djanimusic






