Радио Милева ја разнежни јавноста

Елена Велевска сподели фотографија на која уште еднаш покажа што е безусловна љубов: „Една е мајка“!

Елена Велевска сподели фотографија на која уште еднаш покажа што е безусловна љубов: „Една е мајка“!

Македонската фолк ѕвезда  Елена Велевска уште еднаш покажа дека зад успешната кариера, бројните хитови и сценскиот сјај, се крие жена која неизмерно ги цени семејните вредности и љубовта кон најблиските.

Пејачката на своите социјални мрежи сподели исклучително емотивна фотографија во друштво на својата мајка, а кратката порака што ја напиша под објавата ги допре срцата на нејзините следбеници.

Не е тајна дека токму мајка ѝ е нејзиниот најголем животен столб, потопора и верен сојузник низ сите подеми и падови, брачни кризи и семејни предизвици. Со години таа стои покрај својата ќерка, давајќи ѝ безрезервна поддршка и безусловна љубов.

Фотографијата за кратко време собра бројни лајкови и коментари, а обожавателите не штедеа пофални зборови за искреноста, топлината и силната врска меѓу мајката и ќерката.

Дополнителна симболика на објавата е што Велевска пред речиси една деценија ја отпеа и емотивната песна со истиот наслов, која и денес буди чувства и претставува благодарност за сите мајки и нивната безусловна љубов.

Кадарот исполнет со нежност и емоции потсети на една едноставна, но голема вистина – мајчината љубов е најсилната сила на светот. Затоа и се вели дека само…. Една е мајка!

Фото: Инстаграм/evelevska

 

 

To top