Познатата и атрактивна пејачка Мартија Станојковиќ пред неколку дена ги збуни своите следбеници на социјалните мрежи со неколкуте фотографии кои ги објави. Имено, Мартија позираше со гол грб на кој беа испишани неколку различни реченици, но без да прецизира која е причината за тоа. Вчеравечер, понеделник 4-ти ноември 2024 во 18:00 часот веќе се беше јасно.
Мартија на сите музички платформи и социјални мрежи ја објави својата најнова песна со наслов “Феномен” и наиде на бура од позитивни коментари. Како за песната, така убави коментари се пишуваат и за видеоспотот.
Инаку, Мартија овојпат соработуваше со еден од нашите најплодни музички продуценти, Лазар Цветкоски, додека пак текстот е дело на неговата сестра Ена Цветкоска.
„Морам да истакнам дека сум презадоволна од продуктот кој го добивме на крај. Лазар и Ена максимално се посветија и финалниот производ го слушате и го гледате. Ме радува што читам позитивни коментари и што добивам постојано пораки дека им се допаѓа песната” – истакна младата пејачка.
Како што кажавме, Мартија сними и видеоспот и тоа повторно со истиот тим со кого го работеше спотот снимен во Дубаи за песната “Анатомија”, поточно со режисерот Ризи Рејн (Reezy Rane).
Она што можеме да го истакнеме дека песната уште во првите два часа од објавата влезе во трендинг на музичката платформа Јутјуб, а во моментов се наоаѓа на 16 позиција со тендеција да се искачува кон врвот.
Во продолжение дознајте зошто многумина од нас „еден за друг би убиле, а ако сме заедно би полуделе” откако ќе го проследите видеото за “Феномен”.