Ани и Наташа Малинкови… Не само што носат исто презиме иако не се во крвна роднинска врска, а всушност се роднински поврзани, туку и потекнуваат од ист град во Тиквешијата, од Кавадарци. Обете познати естрадни ѕвезди, иако секоја во својот жанр.

Ани со години позната и популарна фолк пејачка, Наташа – позната македонска поп ѕвезда.

И несамо тоа, туку овие две познати кавадарчанки ги поврзува еден човек. Братот на фолкерката, кој е сопруг на поп пејачката. Или што би рекле Ани и е золва на Наташа, а Наташа снашка на Ани. Патем и двете се не само фамилија, туку и добри другарки, па неретко можат да се видат заедно. А летото е иделна прилика за заедничка дружба на плажа.
Така двете македонски пејачки ги проведуваат овие денови, некаде подалеку од дома, на песочниот брег на едно летно одредиште покрај вода… Колку барем за малку „да се вратат во живот“ и избегаат ем од пеколните горештини, ем од секојдневните обврски.
Но двете познати македонски естрадни ѕвезди не ги врзува само музиката и фамилијата. Под претпоставка да сте некој/а што овие два факти не ги знаете, па случајно налетата само на фотографиите кои пејачките ги споделиле деновиве, она што прво ќе ви падне во очи е телесниот раскош на двете кавадарчанки!

Идвете онака расоблечени во бикини костими за капење, со шапки на главата, насмеани од „седмица до седмица“, не знаеш која е посекси убавица. Иако според возраста не се во цветот на младоста, обете изгледаат како да цветаат. Онака бујни однапред и расцутени сликани во „фото дует“, не знаеш чија предница доминира во кадарот на овој бели свет!
Бикини костимите ист модел, само различна боја, а градниот кош ем обилен ем природен… На која од која подоминантен!
Ама пак што е и важно, важно е глетката што ја нудат, дека е „летна глетка за петка“!
Двете кавадарчанки уште еднаш покажаа колку се блиски, ама и колку се бујни. Золвата и снаата иако пеат различен жанр, имаат речиси ист телесен дар! Впрочем приказната како сакаш сфати ја, ама засега Ани и Наташа се најцицлестиот естраден пар во Македонија на една летна фотографија!
Фото:Инстаграм/natasamalinkova/animalinkova8615/




