Водителката Наташа Павловиќ публиката со години ја препознава како „Практична жена“ која е секогаш насмеана, ведра и полна со позитивна енергија. Сепак, за нејзиниот приватен живот малку се знае.
Пред неколку години во голема исповед првпат отворено зборуваше за најтешките моменти низ кои поминала.
– Кога заминував од Загреб имав само шеснаесет години и тогаш не знаев дека ќе заминам засекогаш, така што тоа ми е еден од најлошите периоди во животот. Сè до минатата година. Таа година ми беше најтешка. Го изгубив татко ми, а за тоа досега никогаш јавно немам зборувано. Ми беше премногу тешко да зборувам за тоа. Сега знам дека моментот кога ќе ги изгубите родителите е последниот испит на зрелоста и последната фаза на созревање која мораш да ја прифатиш. Таа година ми беше мачна иако изгледав нормално и како сè да е во ред. А беше сè, само не во ред. Два месеца после тоа си замина мојот поранешен сопруг Марко Живиќ, а шест месеци по него неговиот кум Бојан Лазаров. Имав чувство како да си заминуваат луѓе со кои созревав токму во времето кога дојдов од Загреб – ја отвори душата Наташа која не крие дека и било исклучително тешко секој викенд да ги забавува гледачите со широка насмевка на лицето.

Иако секогаш се однесувала како вистински професионалец, поединечни коментари многупати ја заболеле, иако никогаш не си дала за право на нив и да одреагира.
– Бев, за среќа, доволно зрела, сето тоа е составен дел од животот, но тогаш сфатив дека тоа е лошата страна на јавната работа. Не можете да ја одболедувате тагата во своите четири ѕида, расплакани и неугледни. Тогаш имаше многу коментари за тоа како и поради што сум ослабела и зошто сакам да изгледам како пред дваесет години. Не се огласував по тој повод, немав потреба никому да му се правдам, ниту да објаснувам. Како јавна личност немате право на лош период, туку мора да бидете подготвени да одговорите на предизвикот, а тоа претставува и психички и физички стрес – раскажа водителката која не крие дека насмевката со гордост ја задржала додека целиот свет ѝ се уривал.

Сепак, среќата и мотивацијата секој ден да биде сè подобро ја наоѓала во својот дом. Сопругот со кого е во брак веќе четиринаесет години и синовите секојдневно со својата љубов и внимание ѝ давале ветер во грб.
– Ние семејно секогаш се бакнуваме пред спиење. Се натпреваруваме во тоа кој кого подолго ќе го бакнува. Најсмешен е Јан кога ќе му каже на братот „Оли, не правиш бакнување. Флиртуваш (фолираш), глумиш“ (смеење) – раскажа за Story.рс
фото:Instagram printscreen/prakticnazena_







