Пејачката Александра Стојковиќ Џиџа го загуби своето бебе пред четири месеци, за што сега зборуваше со грутка во грлото.
По загубата на бебето, таа одлучи да се повлече од јавноста и да помине време со семејството за да го надмине тешкиот период.
– Кога отидовме на преглед, сосема безгрижно, сè беше нормално, и одеднаш – ништо, сè запре. Мама ми вели да се смирам, бидејќи веќе почнав да се прашувам што се случува, ми вели дека морам да одам во болница. Тато малку се скрши, морам да признаам, Милан беше на парчиња – рече пејачката.

Џиџа додаде дека бременоста била симбол на љубовта со нејзиниот партнер Милан, и дека токму оваа загуба го направила целиот период исклучително емотивен и тежок.
– Само тој чин на дете, мислам дека би бил круна на нашата врска и љубов – рече Александра во програмата „На терапија со Славица Ѓукиќ Дејановиќ“.
фото:instagram printscreen/ dzidza_official







