Александра Гашиќ, девојката на Виктор Живојиновиќ, објави фотографии од одморот на кои позира во костим за капење и повторно го привлече вниманието на јавноста.
Виктор Живојиновиќ е среќен во љубовта. Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ е во врска со младата Александра Гашиќ. Таа не е дел од јавниот свет, но е доста популарна на социјалните мрежи и на Инстаграм ја следат околу 46 илјади луѓе.

Забележливо е дека најголем дел од нејзините објави се поврзани со интересни патувања, а Александра често споделува моменти од својот живот. Во една од нејзините последни објави таа сподели фотографии од одмор, со што ги израдува своите следбеници.

Александра се занимава со шминкање и разубавување, а вниманието на јавноста го привлече откако на својот профил на Инстаграм почна да споделува моменти од приватниот живот.

Шпекулациите за нејзината врска со Виктор дополнително се засилиле кога Александра објави фотографии од јахтата на семејството Живојиновиќ, на кои го означила Виктор. Со тоа парот практично потврди дека се во врска, за која извесно време се шпекулираше.

Сепак, се чини дека нивната љубовна приказна трае подолго отколку што се мислеше. Според објавите на социјалните мрежи, Виктор и Александра на почетокот на годината престојувале и во Тајланд, каде што, според пишувањата, можеби и започнала нивната врска.
foto: printscreen/instagram/_akaaa__






