Потребни состојки:
3 јајца
200 г пченкарно брашно
100 г бело брашно
200 мл јогурт
100 мл масло
150 г сирење
150–200 г свински врат
1 прашок за печиво
100 мл газирана вода
Малку сол
По желба: сусам или ким
Подготовка:
Подготви го вратот – исечкај го свинскиот врат на мали коцки. Ако сакаш поизразен вкус, можеш кратко да го пропржиш во тава без многу масло.
Направи ја смесата – во сад измати ги јајцата, па додај ги јогуртот, маслото и газираната вода.
Додај ги пченкарното и белото брашно и прашокот за печиво. Измешај додека не добиеш густа, но течна смеса.
Додај сирење и врат – издроби го сирењето и заедно со сечканиот врат додади ги во смесата. Измешај внимателно.
Истури ја смесата во подмачкан плех или калап. Одозгора можеш да ставиш уште малку сирење и сусам.
Печи на 200°C околу 30–40 минути, додека пројата убаво не зарумени.
За да биде екстра сочна: Кога ќе ја извадиш од рерна, покриј ја со чиста крпа 5–10 минути. Така ќе омекне и нема да биде сува.
фото:Magnific







