Совршени кнедли за супа, сочни, меки и вкусни.
Состојки:
100 грама гриз
50 грама путер
1 јајце
сол, бибер
морков, сецкан магоднос
супа (по желба)
Подготовка:
Изматете го јајцето со вилушка, додадете путер, бибер и сол и измешајте. Постепено додавајте го гризот истовремено мешајќи додека не добиете густа, но не премногу тврда смеса. Потоа, со лажица ставајте ги кнедлите во зовриената супа и внимателно спуштајте ги. Супата не смее силно да врие; треба да биде само на работ на вриење. Ако сакате да бидат со иста големина, користете влажна лажица за да не се залепи смесата. Гответе на тивок оган околу 10-15 минути, кнедлите ќе нараснат и ќе станат меки. Додека врие супата додадете морков , а потоа на крај сецкан магдонос.
Фото: Magnific







