Македонската инфлуенсерка Миа Костова им се обрати на своите многубројни следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, каде што е активна. Таа овој пат се одлучи да одвои малку повеќе време за разговор со своите следбеници – тие да и поставуваат прашања, а таа да одговара.
Но, сега тоа беше малку поинаку од вообичаено, бидејќи овој пат се одлучи да биде анонимно, оние кои прашуваат да го сокријат својот идентитет.

Така следбениците се опуштија и почнаа да и поставуваат многубројни прашања што нејзината приказна за кратко време се наполни цела.

Миа доби прашање за тоа како се справува со љубоморните и несреќни луѓе што се жалат и пробуваат да и го уништат животот, на што таа одговори:
„Давам опција за анонимни прашања“ – напиша Миа и додаде смајли кое плаче од смеење.

Така уште повеќе ги ослободи оние кои имаа да постават такви прашања, а Миа соодветно да им одговори.
Еден анонимен кој очигледно е доста љубопитен ја искористи приликата и постави едно прашање кое поранешната водителка ја допре, па веднаш му одговори и го сподели на кратката приказна со цел да му разјасни повеќе, она што никако не му е јасно.
– Зошто при најмала настинка и вирус објавуваш „приказна“, толку ли сакаш да привлечеш внимание? – Гласеше прашањето.
Инстаграм е тоа. Да видиш кога имам ди*ареа и да видиш кога ц*цам вино на Малдиви. Нема комплекси само работа. Давам сѐ добивам сѐ. Не може да е стално Малдиви, ќе ти здосади, мора малце и да кивам – му откри таа како стојат работите во инфлуенсерството.

Очигледно некои луѓе сѐ уште не ја разбрале целосно работата на инфлуенсерите и новото време, и уште многу нешта не им се познати, но доколку се отворат и сакаат да одат напред, со позитивен став секогаш ќе е полесно за сите.
Foto: print screen/Instagram/miandrija





