Популарниот македонски фолк-пејач Дамјан Стојаноски по третпат стана татко, откако неговата сопруга Елена на свет ја донесе малата Ева.
Ова не е само обична естрадна вест, туку неверојатна семејна коинциденција која се случува еднаш во животот. Малата Ева пристигна како најоригиналниот подарок на денот кога семејството веќе имаше две огромни причини за славење- магијата на датумот: именден, роденден и раѓање.

Додека повеќето семејства со денови планираат како да ги усогласат термините за славење, во домот на Стојаноски сè се случи во ист ден. Прекрасната Ева се роди точно на роденденот на нејзината мајка Елена и истовремено на именденот на нејзиниот татко Дамјан.
Со ова, 14 јули станува вечен семеен празник!

Пејачот, кој е син на легендарниот Војо Стојаноски, веднаш ја сподели својата огромна возбуда со јавноста преку социјалните мрежи. Малата Ева е третото дете на парот, а поголемите дада и бато Војдан и Јана со нетрпение ја чекаат малата сестричка да дојде дома.
Среќната баба Евица Камберова Стојановска исто така јавно ја сподели својата гордост.

Оваа неверојатна коинциденција со датумите е само убава симболика, но вистинското богатство лежи во насмевките на Војдан, Јана и сега малата Ева кои го продолжуваат семејниот код.
Честитки!
фото:Instagram printscreen/stojanoski.damjan/Facebook/ Evica Kamberova-Stojanoska





