Александар Милиќ Мили е еден од најпознатите автори во регионот кој зад себе има безброј хитови. Но, Мили бил два пати работ на смртта „да и погледне в очи“. Прциот пат кога рече дека се застрелал.
„Пиштолот на мојот познаник остана кај мене, па сакав да го расклопам. Ги извадив куршумите и во исто време зборував на телефон. Откако се прекина врската, ги вратив куршумите и го ставив пиштолот на страна. Повторно ѕвонеше, се јавив и го зедов оружјето, кое овојпат беше наполнето. Во моментот на невнимание, го наведнав пиштолот заборавајќи дека е полн и повлеков, а куршумот ми помина низ раката. Имав дупка на низ која можев да гледам. За среќа не оштетив ниту една тетива, инаку никогаш повеќе не би можел да свирам гитара“ – изјави Мили.
Еден од најтешките моменти во животот на Мили било и сознанието дека боледува од рак за време на воените години во Југославија.
„Моите родители веќе побегнаа во Белград од Осиек, кога јас и тројца мои пријатели решивме да заминеме од Сараево за Белград. Моите родители отидоа да го посетат вујко ми во Белград и не ни знаеја дека тоа ќе биде последен пат да го видат Осиек. Тие само ми рекоа дека не се враќаат и дека е опасно за нивните животи да се вратат назад, дури и да си ги земат работите. Токму кога помислив дека не може да биде полошо, за време на војната и егзилот, ми најдоа малигна болест. Тоа беше резултат на одреден стрес и моето внатрешно разочарување од војната. Иако неговите родители набрзо најдоа работа како лекари во Белград, следните години беа многу тешки за семејството на Мили.
Родителите, братот и јас живеевме во Осиек во стан кој порано беше банка, имаше 450 квадрати и сопствен парк со паркинг, а потоа дојдовме во Белград во 15 квадрати. Тоа беше перална на врвот на зградата, каде што еден дел беше импровизиран со мијалник и туш, како надворешен тоалет. Таму живеевме четворицата, но се сеќавам дека бевме среќни. Помеѓу нас имаше љубов и ниту еден момент не очајувавме, иако живеевме во сиромаштија, платите на мама и тато беа по 2 – 3 марки, а лебот 500 илјади. И така се’ додека не дознавме за мојата болест, бидејќи не сакавме да гледаме назад, туку само напред. Една година бев на третмани и хемотерапија. Во тоа време терапијата беше неверојатно тешка и агресивна, но успеав да се изборам. Дури успеав да ја завршам и третата година на факултет. Одев на испити со канили во рацете“, изјави композиторот во емисијата „Преживеани“ на телевизијата К1.
Фото: Инстаграм/miligramofficial