Чарлс Спенсер, братот на покојната британска принцеза Дијана, подготвува биографија насловена „Лебедова песна: Дијана, мојата сестра“, во која ќе ги открие вистините за неа. По повод 30-годишнината од нејзината трагична смрт, книгата ќе биде објавена следниот месец во Велика Британија, а потоа и на меѓународниот пазар.
– Како што се приближува 30-годишнината од трагичната смрт на сестра ми, повторно барањата за интервјуа немаат крај, изјави Спенсер, додавајќи дека токму тој интерес за нејзиниот живот и вистинските причини за смртта го поттикнале да ја напише книгата.
View this post on Instagram
Дијана беше една од најпознатите личности во светот и со години важеше за најфотографираната жена на планетата. Таа во 1981 година се венча со тогашниот принц Чарлс, а церемонијата беше една од најгледаните церемонии во историјата.
Во 1997 година принцезата, заедно со Доди Ал-Фајед го изгуби животот во Париз во сообраќајка. Нејзината смрт предизвика огромна жалост во Велика Британија и низ светот, а причините за несреќата со години останаа предмет на јавен интерес, истраги и бројни теории.
– Со децении не зборував многу за приватниот живот на Дијана. Затоа сега сакам преку сопствените спомени да дадам поинаква слика за сестра ми и нејзиниот живот, вели Спенсер, додавајќи дека очекува книгата да привлече големо внимание од јавноста.
foto: printscreen/unsplash






