По концертните вечери во Скопје и Штип, Бојана Скендеровски го продолжува својот концертен караван во Тетово. На 22 мај, со почеток од 20 часот, сцената на Домот на културата „Иљо Антевски Смок“ ќе биде местото каде емоциите ќе пеат најгласно, под мотото „Глас што се чувствува, вечер што се памети“.
Вака македонската пејачка и екс ТВ водителка го најавува својот следен настап на кој ќе се појават и неколку гости – младите пејачки имиња: Ивана Серафимовска, Даниел Дан, Дорис Ди и Луна Бејков.

„Одлични вокали чие време допрва доаѓа, кои на овој концерт ќе ги испеат најубавите евергрини. Ветуваме магична ноќ“ – се зборовите со кои македонската пејачка им се обраќа на своите фанови и слоедбеници во Инстаграм постот кој го најавува нејзиниот концерт во Тетово.

Конечно, Инстаграмот како дел од најексплотираните социјални мрежи меѓудругото сужи за споделување реклами. Тоа јавните личности и Инфлуенсерите најдобро го знаат и прават. Така, покрај концертната најава, Бојана во своите Инстаграм приказни споделила уште една – „спонзорска“! Само што оваа објава не рекламира ништо и никого, туку во неа Бојана бара спонзор! И тоа не било каков и не за нејзините концерти, зашто за нив веќе има спонзорство од прилично солвентна компанија!

Овој пат на пејачкат и фали генерален спонзор, но не од уметнички, туку од хигиенски причини!
Имено, Бојана која патем е и посветена и грижливата мајка, се пожали дека ќе треба да пее само за детергент за алишта. Повеќе финансиски не може да издржи, зашто нејзиното синче Ѓорѓи најмногу арч и прави со валкањето маички. Толку многу, што може ќе ви звучи како претерување, ама на мајка Боки сета заработка од пеење и завршува во машината за перење!

Затоа Бојана решила јавно да побара спонзор, преку Инстаграм! И тоа не било каков и не било кој, туку токму тој – еден од најпознатите течни детергенти или поточно средства за вадење валкани дамки од алиштата! За возврат пејачката му ветува богата инфлуенсерска кампања! По три поста на ден и десет сториња!

Ако малиот Ѓорѓи го наследил генот од татко му Васко и некако… Ќе игра мал фудбал во сала – футсал, ама ако се метнал на дедо му Боро – бивш фудбалер, нема таа туренеја што Бојана ќе ја „извади од кал“!
Фото: Инстаграм/bojanaskenderovski





