По веста дека Анастасија Ражнатовиќ се породи во Севиља и на свет го донесе синот Илијан, нејзиниот брат Вељко Ражнатовиќ и снаата Богдана веднаш отпатуваа за Шпанија за да го видат новороденото внуче.
Семејството веднаш ги искористи топлите денови за уживање, а новата заедничка фотографија од Севиља предизвика огромно внимание во јавноста.

Сепак, главна тема на коментарите овој пат беше изгледот на убавата Богдана.
Додека уживаат во возење со кабриолет низ Шпанија, Богдана покажа дека за неа претерано зголемените усни се веќе минато и само еден минлив естраден тренд.

Таа се појави во едно сосема природно и освежено издание кое ја истакнува нејзината автентична убавина, покажувајќи забележителна разлика од претходно.

Патувањето во Шпанија има посебно емотивно значење за парот, бидејќи тие се меѓу првите од семејството кои пристигнаа да ја споделат радоста со Анастасија и Немања Гудељ по раѓањето на нивниот првенец.
Судејќи по нивните насмевки, улогата на вујко и вујна одлично им прилега.
фото:Instagram printscreen/bogdanaraznatoviiic







