Радио Милева убав ден, среќен ден

Беше неговото мало човече, а сега го надрасна и тато: Првиот син на Панчо веќе е голем дечко (фото)

Беше неговото мало човече, а сега го надрасна и тато: Првиот син на Панчо веќе е голем дечко (фото)

Владимир Блажев или попознат како Панчо ДНК  е среќен и горд татко на двајца синови.

Благослов од Бога кој го промени како човек и ги смени неговите погледи кон животот, одговорноста да се биде нечиј водич, пример, другар- да се биде татко!

Андрија и Маријан се целиот свет на Панчо, неговите потомци веќе пораснати, помалиот малечко момче, а постариот веќе голем, убав и шармантен дечко.

Пред речиси деценија ипол тој се роди како првата љубов на тато, а денес Андрија во висина веќе го надрасна и тато со своите полни 14 години.

-Среќен 14-ти роденден Андреја! Не можам да ти ветам дека ќе бидам тука до крајот на твојот живот, но ти ветувам дека ќе те сакам до крајот на мојот. Те сака, тато!- напиша Панчо кој секоја година знае емотивно да се даде во честитката. Годинава беше пократок, додека лани на истиот датум тато Панчо баш се расплени концизно со она што го чувствуваше на душа и му лежеше на срце. А мислите и зборовите за синот лесно течеа, почнувајќи од денот кога Андреја дојде на свет.

-Пред точно 13 години, кога овој дечко дојде на овој свет, беше денот кога сфатив што значи безусловна љубов и одговорност. Ти ги посакувам сите убавини на светот и здравје пред се. Полека созреваш па сакав да ти кажам некој совет кој ми лежи на душава, а мене никогаш немало кој да ми го каже. Се што сакам е да си многу подобра верзија од мене. Биди човек кои ќе дели љубов и ќе ги сака луѓето. Патот кој допрва треба да го одиш нема да е нималку лесен, но затоа биди храбар, крени ја главата горе, држи го цврсто гардот и издржувај ги сите удари кои животот ќе ти ги сервира. Јас секогаш ќе бидам тука за тебе, но запамти дека нема да сум вечно. Нема да е лесно, но најбитно е никогаш да не се откажеш од своите соништа и да веруваш во себе. Да им веруваш на луѓето без оглед на тоа што многу пати ќе те повредуваат и разочаруваат. Најбитно од се е да останеш скромен, да бидеш чесен и секогаш да им помагаш и заштитуваш послабите од тебе и оние на кои им е потребна помош. Биди ЛОЈАЛЕН, тоа е една од најубавите особини кој една личност може да ја има во својот карактер. Толку многу те сакам што ќе можеш да сфатиш само кога еден ден и самиот ќе станеш татко, а јас дедо, ако даде господ.

Инаку, Андреја е на добар пат да стане познат фудбалер, а со разбирање, примање родителски совет и прибирање на позитивни искуства, што би рекол Панчо, таткото не е само татко, туку и најдобар другар.

фото:Facebook/Vladimir Blazev

To top