Радио Милева честитки се редат

Баба по вторпат: Адријана Алачки од синот Благоја си доби радост најголема (фото)

Баба по вторпат: Адријана Алачки од синот Благоја си доби радост најголема (фото)

Пејачката и водителка на „Вкусот на традицијата“ и „Везилка“ Адријана Алечки по вторпат стана е горда баба.

За оваа нејзина неизмерна среќа е заслужен синот Благоја кој ја продолжи лозата Алачки со тоа што стана татко за првпат на синче кое го доби името Јован.

За новиот член во семејството како што е редот се славеше со мекици во еден скопски ресторан, каде семејствата го обележаа денот за добредојде на приновата, a моментите од прославата ги објави Ирена Спировска која беше меѓу гостите.

Синот на Адријана и Горан Алачки се ожени минатата година со својата сакана Лина и направија голема свадбена веселба.

Инаку, ова е второ внуче на Алачки која пред шест години од ќерката Грациела ја доби внуката Јана која сега ќе биде поголемата дадичка.

За потсетување, синот на Адријана и Горан Алчки кои се разведоа по 25 години брак, ги наследи музичкте гени од своите родители и свири на гитара, додека ќерката Грациела е среќно мажена и работи во банка.

фото:Instagram printscreen/ b_alacki/irenaspirovska

To top