Ќерките на музичката ѕвезда Јелена Карлеуша – Атина и Ника донеодамна беа на одмор во Турција со татко им Душко Тошиќ, а нивната постара наследничка сега сподели низа фотографии од летувањето.
Атина и Ника се многу активни на Инстаграм и Тик ток каде имаат по десетици илјади следбеници и привлекуваат големо внимание со секоја објава.

Постарата ќерка на Јелена и Душко сега објави фотографии од луксузен ризорт и покажа како уживала во големиот базен и како си поминува како кралица!
Атина позираше во сино бикини, истакнувајќи ја витката, манекенска фигура, а нејзините фотографии за кратко време собраа мноштво лајкови и коментари.

Инаку, Атина неодамна заврши престижно средно училиште и ги воодушеви сите со стајлингот на матурата. Нејзината мајка Јелена Карлеуша неодамна зборуваше за понатамошното школување на нејзината миленичка. Моментално тоа е моден дизајн, но ќе видиме дали ќе студира во земјата или во странство.

-Јас сметам дека би требало да остане во Србија. Таа има одреден страв поради сето она што се случуваше во последните година дена со факултетите, така што јас сум повеќе за приватен факултет – за никој да не може да му забрани на моето дете да се школува – рече пејачката.
фото:Instagram printscreen/atinatossic






