Радио Милева Првоаприлски маски

„Априлилили“: Еве како се маскираа децата на познатите Македонци за „Денот на шегата“ (фото)

„Априлилили“: Еве како се маскираа децата на познатите Македонци за „Денот на шегата“ (фото)

Денеска е 1-ви Април, денот кога луѓето  прават разни шеги меѓу себе, а на оние со кои се шегуваме најчесто им велиме: „Априлили“!

Првоаприлските шеги  како што се верува се со цел да донесат убаво расположение и да го обележат заминувањето на зимските денови и настапувањето на пролетта.

А на овој ден во Македонија дефилираат и најмладите маскирани во разно разни  креативни маски и костими.

Па така, уште рано изутруна познатите Македонки побрзаа  да ги споделат креативните априлски маски на своите дечиња и на социјалните мрежи.

Новинарката и ТВ водителка Анастасија Деа Богданоска на социјалната мрежа „Инстаграм“ покажа дека нејзината ќеркичка Дениција  одбрала да се маскира во пеперутка.

Пејачката и харфистка Сара Мејс ја покажа нејзината ќерка, a малата Илина одлучила да се облече како измислениот лик Харли Квин, додека пак за нејзиното синче Кирил одбрале да се маскира во слатко кутре Далматинец.

Пејачката Тамара Тодевска на социјалните мрежи ја покажа маската на ќеркичката Хана, која исто како и Илина одбрала да биде женскиот суперхерој (негативец) Харли Квин.

Пејачката Андријана Јаневска објави фотографија од нејзините два сина, Димитар и Кристијан, а во што одбрале да се маскираат дознајте од нивните фотографии кои таа ги сподели.

А Вие,  не заборавајте и насмевнете се денес бидејќи смеењето ќе ви го подобри расположението и ќе ви донесе задоволство и среќа. И Вам и на вашето семејство, особено на најмалите во него. 

Фото: printskrin/instgaram

 

To top