Радио Милева сама свој мајстор

Антониа Гиговска прекрши едно свое правило кога е на одмор, а за резултатот праша: „Дали ви се допаѓа?“

Антониа Гиговска прекрши едно свое правило кога е на одмор, а за резултатот праша: „Дали ви се допаѓа?“

Пејачката Антониа Гиговска има слободни денови од работа и тоа се до настапот на 18-ти јули на Пиво фест во Прилеп, па затоа реши да си даде време за семеен одмор на море со сопругот и синчето.

А кога е одмор, тогаш е одмор од се’. Слободна од обврски, освен оние семјно-мајчинските се разбира, па се’ друго е ставено на пауза до враќање дома и крај на седумдневниот одмор.

Пауза од настапи, подразбира и пауза од шминка, за што Антониа вели дека има едно свое правило, а тоа е дека не користи шминки, освен еден ден- чисто за фотка.

А таму шминкер нема, таму е сама свој мајстор, па откако се нашминка онака како умее, објави и резултат на дело.

-Кога ќе си се нашминкам сама, мора сликичка, ретко се случува, само на одмор кога сум и тоа само еднаш во 7 дена, па пишете ми во коментар дали ви се допаѓа мојата шминтичка, прашува Антониа.

Гиговска е редовна мета на нагативни критики по однос на изгледот, но овој пат тоа беше исклучено, па многмина и порачаа дека ја бидува и за шминкање, но и дека изгледа супер како природна, така и со шминка.

За крај, следеше и уште едно стори а пропо она што самата го кажа погоре – одмор е време за слобода од шминка.

Сонце, вода, плажа и многу љубов, простор за друго нема!

фото:Facebook/ Instagram printscreen/ Antonia Gigovska

To top