Радио Милева „длабинско чистење“

Анета Љумаковска со јасна животна девиза: „Ова не е ароганција, туку хигиена на душата“

Анета Љумаковска со јасна животна девиза: „Ова не е ароганција, туку хигиена на душата“

Предивиците и проблемите неминовно ги имаме и ни се случуваат на сите, но сепак она за тоа како ќе го направивме сопствениот протокол на делување и психолошко оптеретување од секојдневието и општеството каде се живее, е тоа е лично наше…

Кој како знае и умее, секој со своите мани и доблести, наједноставно би било да се тргне од базата, она што би се нарекло генерички пристап кон нештата.

Познатата фолк пејачка Анета Љумаковска, точно си знае по која девиза го почнува денот, а истото сакаше да го покаже пред сите, или во едно од поновите „стори“ објави да укаже како таа делува, па вели:

-Човек најубаво се одмора и најмногу ужива тогаш кога ќе ги исфрли сите будали од својот живот. Одеднаш полесно дишеш , полесно спиеш. Ова не е ароганција, туку хигиена на душата. Како што ја чистиш куќата од ѓубре, некогаш мораш да го исчистиш и својот круг од оние кои внесуваат немир и отров, пишува Анета.

Сугурно поучена од искуство, пејачката точно си знае какви и кои фугури се потребни во нејзиниот приватен и професионален свет. Едно е сигурно, оние што ги сака, цени и почитува, ги држи цврсто до себе.

Тука е секако нераскинливата врска со ќерката, а од поново време еден од оние кои и прават убаво на душа е и саканиот Рубин Размо.

Најдобро, а и полесно е кога знаеш што и кого сакаш – нели?!

фото:instagram printscreen/anetaljumakovska2701

To top