Топлото време автоматски е некаков временски потсетник дека полека се ближи највозбудливиот дел од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Македонија редовно има какдидати кои остануваат во трка до самиот крај, а оваа сезона дури и македонската конкуренција е доста силна.
Една од учесничките која е веќе искусен финалист од претходната сезона е скопјанката Андријана Петрушовска која е на прагот од деветиот круг на натпреварот.
View this post on Instagram
Минатата сезона нејзин ментор беше Ѓорѓе Давид, додека сега оној што работи на нејзиниото претставување е Александар Милиќ – Мили. Андријана со Ѓорѓе остана во одлични односи, и тој не ретко знае да и сугерира околу претставувањето, а сега таа сакаше да му упати посебна благодарност на својот актуелен ментор Мили за постигнатото досега, а и она што допрва им претстои.
View this post on Instagram
-Благодарам на мојот ментор за сѐ до сега, одиме понатаму уште посилни!, напиша актакривната скопјанка навестувајќи дека возбудливото допрва доаѓа.
Со Ѓорѓе, Андријана стигна со финале, а со Мили засега се тече како во најдобар ред и редослед, а веројатно одлесно и годинава финалето е пред нив.
фото:Instagram printskrin/ andrijanapetrushovska