Една од најважните личности во животот на Александра Пријовиќ денеска слави роденден, а младата пејачка јавно и се обрати со емотивни зборови. Во домот на Александра Пријовиќ денеска има голема прослава, а пејачката на социјалните мрежи објави емотивна порака и ѝ го честита роденденот на мајка си Борка Михајловиќ.
Гордата ќерка ги испрати своите најдобри желби и честитки на својата приказна на Инстаграм.
– Среќен роденден мамо, те сакам – напиша таа заедно со заедничката фотографија од концертот во Осиек.
Да потсетиме, Борка Михајловиќ неодамна зборуваше за медиумите и во таа прилика призна дека не можела ни да сонува дека нејзината ќерка ќе доживее толку голем успех.
фото: printskrin/instagram/aleksandraprijovic