Александра Младеновиќ предизвика големо внимание со објавата на Инстаграм, во која јавно му се обрати на поранешниот соработник и возач, тврдејќи се дека веќе подолго време неосновано се повикува на нејзиното име.
Пејачката истакна дека луѓето ѝ се обраќаат за да наплатат долгови кои, како што наведува, таа нема никаква обврска да ги подмири.

– Сакам само да ги известам сите кои побаруваат пари од мојот соработник, возач, повеќе да не ми се обраќаат. Со неговите долгови немам никаква врска ниту сносам каква било одговорност. До мене доаѓаат информации дека често се повикува на моето име и дека луѓето поради тоа ме контактираат мене за да ги наплатат парите кои тој ги должи. Тоа е недопустливо и мора да престане. Александре, веќе повеќе од две години не си дел од нашиот тим и немаш никакво право да го користиш моето име во кој било контекст. Ова е последно јавно предупредување. Доколку ваквите ситуации се повторат, ќе бидам принудена да ги преземам сите неопходни правни чекори за да се заштитам себеси и својот углед. Ги молам сите во иднина сите правни прашања и побарувања да ги решаваат исклучиво со таа личност – напиша Александра Младеновиќ на својот Инстаграм профил.
Александра зборуваше и за приватниот живот, признавајќи дека моментално не е заинтересирана за нова љубов.
– Немам симпатија, од каде мене тоа?! Ме замара да се допишувам со некого – рече таа.
Откри и дека во телефонот нема ништо што би можело да предизвика скандал.

– Немам голи слики, јас тајните ги чувам во себе, ако нешто биде напишано, јас го бришам. Јас сум лојална и сакам да имам лојални пријатели…На крајот призна дека посакува одмор, но дека поради деловните обврски сè уште не знае кога ќе успее да отпатува.
– Би сакала да одам на летување, но тешко, дај Боже да одам до крајот на август – истакна таа, а на темата за нова романса за „Премиера, викенд специјал“ стави точка со зборовите:
„Супер, но не сакам дечко, не за сега. За сега не ми треба дечко!“- децидна е пејачката.
фото:Instagram printscreen/aleksandra_mladenovic_




