Радио Милева назад на сцена

Милица Тодоровиќ донесе голема одлука шест месеци по породувањето: „Се уште не сум сосема свесна дека станав мајка“

Милица Тодоровиќ донесе голема одлука шест месеци по породувањето: „Се уште не сум сосема свесна дека станав мајка“

По шестмесечна пауза, Милица Тодоровиќ се врати на својата прва љубов, музиката.

Пејачката вчера го одржа својот прв настап по породувањето, со што и официјално ја продолжи својата естрадна кариера по периодот кој целосно ѝ го посвети на семејството.

Од моментот кога на свет го донесе синот Богдан, Милица најголемиот дел од времето го поминуваше со наследникот, не криејќи дека мајчинството ѝ стана најважната животна улога. Сепак, таа одлучи да најде баланс меѓу приватниот живот и деловните обврски, па за ова лето веќе договори низа настапи.

За време на бременоста таа се повлече од јавноста и престојуваше во родниот Крушевац, каде што уживаше во друштво на најблиските. По породувањето се врати во Белград, а голема помош околу бебето ѝ пружи нејзината мајка, која ѝ беше поткрепа во првите месеци од мајчинството.

Пејачката неодамна призна дека сè уште ѝ е неверојатно тоа што станала мајка и дека сè уште не е целосно свесна колку ѝ се променил животот.

„Малку е чудно, не знам тоа да го објаснам. Мислам дека сè уште не сум сосема свесна дека станав мама. Но, кога ќе ме погледне и ќе ми се насмевне, срцето ми е полно“ – искрена беше Милица.

Публиката го дочека нејзиното враќање на сцената со големо воодушевување, а нема сомнеж дека во текот на летото таа повторно ќе биде една од најбараните пејачки на српската естрада.

фото:Instagram printscreen/milicatodorovicofficial

To top